СОСТАВ: Македонија офанзивно од стартот против БиХ

Селекторот Гоце Седлоски го објави почетниот состав за вечерашниот натпревар во кој Македонија ќе гостува на БиХ на стадионот „Кошево“ во Сараево.

Нашиот кормилар се реши за офанзивна формација во која Седлоски вклучи двајца класични напаѓачи, и тоа Растодер од Тун и Бојан Миовски од Глазгов Ренџерс.

Веднаш зад нив се очекува да дејствува Елиф Елмас, кој ќе има задачи и од левата страна…

Столе Димитриевски е стандарден на голот, во дефанзивната линија ќе имаме тројца  – Зајков, Велковски и Муслиу, Јанкулов добива шанса на десен бек, лево ќе „оперира“ Херера, а централно во редниот ред ќе настапат Бобан Николов и Јани Атанасов.

Се вчитува...