СОСТАВ: Омерагиќ стартер место Растодер, камбек на Алиоски

Гоце Седоски ги избра единаесетмината што ќе го стартуваат пријателскиот меч што Македонија денеска со почеток во 19.30 часот го игра против селекцијата на Турција.

Македонскиот селектор се реши за неколку промени во однос на претходниот дуел со БиХ, па така Омерагиќ ќе добие шанса од првата минута на местото на Растодер, како партнер на Миовски во нападот на „црвено-жолтите“.

Алиоски се враќа меѓу стартерите откако поради повреда ги пропушти мартовските баражи, а беше резерва во Сараево, каде предност доби Ерера. Десно ќе стартува Деспотовски, а во одбраната од првата минута ќе биде Фетаи, заземајќи го местото на Муслиу.

Се вчитува...