Состави: Алкалоид ослабен на дуелот со Силкеборг

Акалоид денеска во 18.45 часот ќе излезе на мегдан против дански Силкеборг во третото коло од Лигата на Европа на ЕХФ, меч за кој Кире Лазаров нема да може да смета на Марко Митев.

Брзоногиот бек поради повреда ги пропушти репрезентативните дуели со Грција, во меѓувреме се врати во тренажен процес, но Митев ја загуби трката со времето и на денешниот меч ќе се најде на трибините на СЦ „Јане Сандански“. Покрај Митев, во тимот ќе го нема ниту пивотот Петров, кој е се поблиску до камбек по тешката повреда на коленото, но сепак денеска нема да се појави во тимот на Алкалоид.

На спротивната страна, кај Силкеборг ќе недостига првиот голман Јохан Сјостранд, кој важи за една најголемите звезди во данскиот клуб.

Се вчитува...