СОСТАВИ: Артета со едно изненадување, Симеоне со офанзивна постава

‘Микел Артета и Диего Симеоне ги објавија составите со кои вечерва ќе истрчаат на теренот на реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите.

Артета приреди едно изненадување, давајќи му шанса во средниот ред на младиот Луис Скели, кој ќе стартува пред Зубименди откако Шпанецот имаше многу осцилации во формата во последните месеци. Езе го зазема местото на Едегард како креативец во средниот ред, а Сака и Тросар се избрани како помош за најистурениот Виктор Ѓокереш.

Атлетико вообичаено игра дефанзивно на европските гостувања, но Диего Симеоне со изборот на единаесетмината стартери јасно става до знаење дека нема намера да се брани. Гризман и Лукман ќе бидат поддршка за Хулијан Алвварез, а во тимот се и Џулијано Симеоне и Љоренте, играчи кои знаат да бидат исклучително опасни дејствувајќи од позадина.

АРСЕНАЛ: Раја, Вајт, Салиба, Габриел, Калафиори, Рајс, Луис Скели, Езе, Сака, Тросар, Ѓокереш.

АТЛЕТИКО МАДРИД: Облак, Руџери, Ле Норман, Пубиљ, Ханко, Коке, Љоренте, Џулијано Симеоне, Лукман, Гризман, Алварез.

Се вчитува...