Состави ЛШ: Гвардиола со едно изненадување, Реал во офанзива

Пеп Гвардиола изненадувачки го избра младиот Фоден во стартниот состав на Манчестер Сити за вечерашниот реванш против Реал Мадрид. За очекување беше од првата минута да се појави Марез, како опција се споменуваше и Бернардо Силва, но Гвардиола пред двајцата искусни асови го избра младинскиот репрезентативец на Англија, како поддршка во нападот за Стерлинг и за Габриел Хесус.

На спротивната страна, Реал Мадрид ќе тргне офанзивно од првата минута, Азар е „фит“ по повредата и заедно со Родриго ќе се обиде да им создаде проблеми на „граѓаните“, крај Карим Бензема како предводник на навалната линија на шпанскиот гигант.

Пауло Дибала се наоѓа на клупата за резерви на Јувентус за клучниот натпревар против Лион, на кој „старата дама“ ќе се обиде да ја надополни негативата од 0-1 од првиот меч во Франција Игуаин ќе му прави друштво на Роналдо во нападот на Јуве, а шанса ќе добие и Бернардески, кој профитира од повредите на Дибала и на Даглас Коста.

МАНЧЕСТЕР СИТИ – РЕАЛ М.

Манчестер: Едерсон, Вокер, Кансело, Фернандињо, Лапорт, Родриго, Гундоган, Де Бруине, Фоден, Стерлинг, Хесус.

Реал М.: Куртоа, Карвахал, Менди, Варан, Милитао, Кашемиро, Модриќ, Крос, Родриго, Азар, Бензема.

ЈУВЕНТУС – ЛИОН

ЈУВЕНТУС: Шчешни, Квадрадо, Де Лихт, Бонучи, Сандро, Бентанкур, Пјаниќ, Рабио, Бернардески, Игуаин, Роналдо.

ЛИОН: Лопез, Дубоа, Денајер, Марсело, Марсал, Корне, Какере, Гимараеш, Оуар, Депај, Токо-Екамби.

Се вчитува...