СОСТАВИ ЛШ: Клоп ги остави Фирмино и Жота на клупата, Пеп повторно почнува без „деветка“

Познати се составите за екипите кои вечерва ќе бијат прва четврфинална битка во Лигата на шампионите. Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се реши малку да комбинира, па така ги остави на клупата Диого Жота и Роберто Фирмино, а исто така на клупата се најде и Матип. Во одбраната покрај Ван Дајк ќе биде Конате, додека во шпицот ќе дејствува Мане, заедно со крилата Салах и Диаз. Во средниот ред Кеита, Фабињо и Тиаго.

Бенфика, пак, почнува со најсилниот можен состав.

На вториот натпревар во Манчестер, Сити одново почнува без класична „деветка“, како што беше случај со повеќето натпревари сезонава. Можеби изненадување преставува Аке во одбраната, а Стоунс на десната бековска позиција во тимот на Пеп. Во нападот ќе бидат Силва, Стерлинг и Марез.

Тренерот на Атлетико, се одлучи да почне со двајца напаѓачи и тоа Феликс и Гризман. Ќе игра со три стопери Фелипе, Савиќ и Мандава, и со два офанзивни бекови Лоди и Врсаљко. Љоренте, Кондогбиа и Коке ќе бидат во средниот ред.

 

Се вчитува...