Реал Мадрид вечерва му гостува на Баерн Минхен во реванш натпреварот од Лигата на шампионите, бркајќи негатива од еден гол по првата средба. Тренерот Алваро Арбелоа се одлучи за офанзивен пристап, враќајќи го во стартниот тим Џуд Белингем, кој заедно со Винициус Јуниор и Килијан Мбапе ќе го предводи нападот на „кралевите“.
Од друга страна, предводникот на Баерн, Винсент Компани, реши да не менува ништо во својата тактика. Баварците ќе истрчаат со истиот состав кој славеше на „Бернабеу“, потпирајќи се на воиграноста и домашниот терен за пласман во следната фаза.
БАЕРН МИНХЕН: Нојер; Станишиќ, Упамекано, Тах, Лаимер, Павловиќ, Кимих, Дијаз, Гнабри, Олисе, Кејн.
РЕАЛ МАДРИД: Лунин, Арнолд, Рудигер, Милитао, Карерас, Ѓулер, Белингам, Брахим, Валверде, Мбапе, Винисиус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
