СОСТАВИ ЛШ: Луиз Дијаз ќе им прави друтво на Салах и Мане во нападот на Ливерпул

Ливерпул вечерва ќе го пречека Вилјареал во првиот натпревар од вториот полуфинален двомеч во годинашното издание во Лигата на шампионите. Тренерите на двата тима, Јирген Клоп и Унаи Емери ги одбраа стартните 11 кои ќе истрчаат на „Енфилд роуд“.

Клоп во нападот одлучи друштво на Мо Салах и Садио Мане да им прави Луиз Дијаз, додека Жота ќе остане на клупата за резерви. Од друга страна Емери во нападот ќе тргне само со Данјума, а средниот ред ќе биде појачан со Ло Селсо, Капуе, Кокелан, Парехо и Чуквезе.

 

Се вчитува...