СОСТАВИ ЛШ: Пеп ултра офанзивно, Анчелоти со засилен среден ред

Реал Мадрид вечерва ќе го пречека Манчестер сити во реванш натпревар од полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Првиот меч одигран на „Итихад“ заврши со победа на „граѓаните“ од 4-3, а вечерва се надеваме дека ќе гледаме нов фудбалски класик.

Карло Анчелоти на овој меч ќе почне само со Бензема и Вини џуниор во нападот, а средината ќе му биде засилена со Феде Валверде кој ќе и се придружи на „редовната тројка“ Кашемиро, Крос, Модриќ.

Од друга страна Пеп Гвардиола ќе тргне ултра офанзивно и на овој меч. Во нападот друштво на Жезус ќе му прават Махрез и Фоден, а тука ќе бидат и секогаш офанзивните Де Брујне и Бернардо Силва.

Натпреварот кој ќе се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е закажан за 21 часот.

Се вчитува...