СОСТАВИ ЛШ: ПСЖ почнува со Меси, Мбапе на клупата

Наспроти најавите за сериозни проблеми со составот на ПСЖ пред првиот осминафинален меч од Лигата на Шампионите против Баерн Минхен, сите „ѕвезди“ на францускиот првак чудесно оздравеа и ќе бидат во комбинација за настап на дуелот што вечерва се игра на „Паркот на принцовите“.

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси ќе стартува од самиот почеток, додека Килијан Мбапе и покрај тоа што се очекуваше воопшто да не биде во тимот, ќе бида на клупата за резерви.

Од друга страна Нагелсман ќе тргне ултра офанзивно и зад Чушо Мотинг во нападот ќе ги има Коман, Сане и Мусиала.

ПСЖ – БАЕРН МИНХЕН

ПСЖ: Донарума, Маркињос, Рамос, Хакими, Данило, Верати, Солер, Заир-Емери, Меси, Нејмар.

БАЕРН: Зомер, Кансело, Упамекано, Де Лихт, Павар, Кимих, Горецка, Сане, Мусиала, Коман, Милер.

На вториот меч вечерва Милан ќе стартува со Леао, Жиру и Дијаз, додека Конте во нападот ќе ги има Кулушевски, Сон, Перишиќ и Кејн.

МИЛАН – ТОТЕНХЕМ

МИЛАН: Татарушану, Кјаер,  Калулу, Хернандез, Салемакерс, Тонали, Круниќ, Дијаз, Леао, Жиру.

ТОТЕНХЕМ: Форстер, Емерсон, Ромеро, Дајер, Ленгле, Скип,  Сар, Перишиќ, Кулушевски, Сон, Кејн.

Се вчитува...