Состави ЛШ: Рангник ги остави Погба и Рашфорд на клупата за резерви

Ралф Рангник повторно разочара дел од „ѕвездите“ на Манчестер Јунајтед, оставајќи ги на клупата за резерви за почетокот од вечерашниот реванш меч од осминафиналето од Лигата на Шампионите против Атлетико Мадрид. Пол Погба сигурно ќе биде несреќен бидејќи го загуби своето место од Фред, додека Рашфорд се почесто останува на клупата, и тоа како резервна опција за младиот Еланга, кој вечерва ќе биде стартер на „Олд Трафорд“.

Далот ќе почне како стартен десен бек на местото на Ван Бисака, а од левата страна ќе се најде Телес, откако Шо не успеа да се рехабилитира целосно и покрај добиениот негативен тест на коронавирус.

Диего Симеоне се враќа на тактиката 3-5-2, со Лоди и Љоренте како офанзивни бекови по страничните позици. Тренерот на Атлетико Мадрид очекувано ги избра Гризман и Жоао Феликс за стартни напаѓачи, оставајќи го Луис Суарез на клупата како адут за второто полувреме.

МАНЧЕСТЕР Ј. – АТЛЕТИКО МАДРИД

МАНЧЕСТЕР: Де Хеа, Далот, Телес, Варан, Мегваер, Фред, Мектоминеј, Еланга, Фернандеш, Санчо, Роналдо.

АТЛЕТИКО: Облак, Реинилдо, Лоди, Савиќ, Хименез, Љоренте, Ерера, Коке, Де Пол, Гризман, Жоао Феликс.

Се вчитува...