Состави: Нема страв, Македонија тргнува офанзивно против Шпанија

Двајцата селектори Боби Милевски и Алберт Селадес ги објавија имињата на единаесетмината фудбалери кои ќе стартуваат за Македонија и за Шпанија на вечерашниот меч во Гдиња во првото коло од Европското Првенство.

Милевски го исполни она што го најави, Македонија нема да се брани против никого, па ни против Шпанија. Нашиот селектор се реши за Алексовски на голот, пред кого ќе играат Бесир Демири, потоа Бејтулаи, Зајков и Дарко Велковски. Во средниот ред за креација се задолжени Барди и Бабунски, крај нив е уште и Бобан Николов, додека во фазата на нападот тука се Кире Маркоски и Марјан Радески како помош за најистурениот Виктор Ангелов.

На спротивната страна, Селадес го избра Кепа за прв голман, на бековските позиции ќе се најдат Белерин и Гаја, кои ќе ја сочинуваат оддбраната заедно со Велјахо и Мере. Маркос Љоренте ќе биде последен играч за врска, во средниот ред крај него се уште Денис Суарез и Саул Нигез, крилни офанзивци се Асенсеио и Деулофеу, а мало изненадување е што шанса како најистурен во нападот наместо Борха добива Сандро Рамирез од Малага, кој веќе го договори својот следен трансфер во Евертон.

sostavi mkd spanija

Се вчитува...