СОСТАВИ ЗА ЕЛ КЛАСИКО: Реал без Асенсио, Барса без Гризман

Зинедин Зидан и Роналд Куан ги открија адутите кои ќе го стартуваат од првата минута големото дерби што се игра од 21 часот на стадионот „Алфредо ди Стефано“ во Мадрид.

Зидан направи само една измена во однос на составот што го победи Ливерпул во вторникот, затворајќи го повеќе средниот ред со вклучувањето на Валверде на местото на Марко Асенсио. Реал ќе го почне денешното Ел Класико со: Куртоа, Васкез, Начо, Милитао, Менди, Крос, Кашемиро, Модриќ, Валверде, Винисиус, Бензема.

На спротивната страна, Роналд Куман повторно реши да го изостави Антоан Гризман од стартниот тим на важните средби на Барса. Французинот и вечерва ќе стартува на клупата за резерви, заедно со Жерар Пике, а меѓу првите единаесетмина на Барселона има место за: Тер Штеген, Дест, Алба, Мингузе, Араухо, Ленгле, Бускетс, Де Јонг, Педри, Меси, Дембеле.

Се вчитува...