Составите за финалето од Купот: „Лавовите“ без Стјепановиќ, „пандевци“ без Стојков и без Шиков

Познати се стартните состави за финалето од Купот на Македонија меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев кое стартува од 18:30 часот на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

„Лавовите“ со очекуван почетен тим, со исклучок на фудбалерот од средниот ред Остоја Стјепановиќ кој отпаднал во последен момент поради болест.

Во стартниот состав на Југослав Тренчовски, пак, ги нема искусните Аце Стојков и Ванче Шиков кои од клупата ќе ја чекаат својата шанса. Најистурен во нападот кај Академија Пандев е Стојанче Велинов.

Се вчитува...