СОСТАВОТ НА ПОРТУГАЛИЈА: Домаќинот ќе се брани со Пепе, во нападот Жота – Роналдо – Б. Силва

Опасен напад и ранлива одбрана. Тоа е составот на Португалија за мечот со Македонија. Сантош се реши да менува само во дефанзивата од оние кои играа против Турција, и победија со 3-1.

Коста е на голот, потоа Кансело и Пепе се најдоа во одбраната откако ги немаше на првиот меч, заедно со Данило и Мендеш. Во средниот ред Бруно Фернандес, Мутињо и Отавио, додека нападот делува моќно со Роналдо, Жота и Силва.

 И Гериерио кој играше на првиот меч, се најде на клупата за Португалија.

Се вчитува...