Состојбата на Кузмиќ е стабилна, следува будење од кома

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огнен Кузмиќ вчера беше опериран во Белград, како би се санирале тешките максилофацијални повреди кои ги доби во сообраќајната несреќа во неделата. Лекарскиот тим во Ургентниот центар во Белград, по деталните прегледи денеска соопшти дека нема компликации на повредата на главата на кошаркарот и со нивна одлука кошаркарот ќе биде разбуден од индуцираната кома во која се наоѓа од денот на несреќата.

Информацијата беше потврдена од клубот од каде цело време се во врска со лекарите кои се грижат за состојбата на Кузмиќ.

 

Се вчитува...