Состојбата на Петровиќ е неизвесна, тренерот се наоѓа во вештачка кома

Познатиот фудбалски тренер Љупко Петровиќ е во вештачки предизвикана кома, по сообраќајната несреќа што ја предизвика во четвртокот.

Стручњакот кој ја предводеше Црвена звезда до титулата европски и светски шампион во 1991 година возел во спротивна насока по обиколницата околу Белград и во таа прилика директно се судрил со возило кое се движело по сопствената лента.

Од тој шок Петровиќ доживеал два мозочни удари, од кои е во вештачка кома, откри кардиохирургот Миљко Ристиќ.

Тој истакна дека славниот тренер не е надвор од животна опасност, но дека е оптимист за конечниот исход.

„Лично го познавам Љупко, бидејќи тој беше и наш пациент, му направивме тестови. Ме погоди тоа што му се случи. Колку што знам, тој е во стабилна состојба, па тоа е охрабрувачка вест. Не кажувам повеќе од тоа, се надевам дека се ќе оди во добра насока. Го немам посетено, но добро сум информиран. Во случај на оштетување на мозокот принципот на лекување е фармаколошко продолжување на комата , затоа што тогаш потребата за мозочни функции, за кислород и слично е минимална. Моментално е во вештачка кома. Морам да бидам реален – неговата прогноза е неизвесна. Првите 48 часа беа најкритични, а досега му оди одлично“, рече Ристиќ.

Се вчитува...