Соучек го врати Вест Хем во трката за Лигата на Шампионите

Вест Хем им се врати на победите откако во 27. коло од Премиерлигата славеше со 1-0 на домашен терен против Вулверхемптон. До победа „чекичарите“ ги предводеше Томас Соучек кој ја затресе мрежата во 59. минута од натпреварот.

Со оваа победа лондонскиот тим стави крај на серијта од два натпревара без победа и останува на петата позиција на табелата и во трката за место во Лигата на Шампионите следната сезона.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...