Совети за секс од Конте: Која поза е најдобра додека трае сезоната

Антонио Конте бара челична дисциплина од своите фудбалери додека се на теренот, но трофејниот стручњак има пропишано и правилник за однесување во приватниот живот. Така, пред извесно време повторно стана актуелна неговата изјава во која Конте даваше сексуални совети на своите фудбалери.

„Додека трае сезоната, играчите не смеат да си ја губат силата со сексуални односи. Доколку веќе ги имаат, тие никако не смеат да биде многу долги, да ги исцрпат. Мора да вложуваат што помалку напор, затоа и најдобра поза во овие месеци е тие да бидат долу и да дозволат партнерките да доминираат“, прокоментира Конте.

Прашање е колку фудбалерите на Интер го слушаат советот на својот тренер.

Се вчитува...