Совладан тимот на Черно Море, Академија Пандев со прва победа на пријателските натпревари

Академија Пандев ја забележа првата победа на пријателските натпревари. Овојпат тимот од Струмица ја совлада бугарската екипа Черно Море од Варна со 2-1 во меч кој се одигра во Банско.

Стрелци на головите за струмичкиот тим беа Шаркоски и Велиновски во првото полувреме. Во финишот на мечот Бугарите преку Бенча го намалија резултатот.

По ваквиот исход „Пандевци“ се рехабилитираа од катастрофалниот пораз од косовскиот шампион Балкани со 6-1 во Охрид.

Се вчитува...