Совршениот меч на Умтити: Постигна гол и имаше 107 додавања без грешка

Светскиот првак Франција на убедлив начин стигна до втората победа во квалификациите за ЕВРО 2020. Во Париз падна Исланд и загуби со 4-0, а совршен меч одигра дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити.

Тој го постигна првиот гол за „петлите“ на овој меч во 12.минута, а во текот на целата средба немаше ниту едно погрешно додавање. Реализираше 107 успешни проигрувања кон соиграчите и покажа дека се наоѓа во фантастична форма, со оглед дека беспрекорно ги заврши и задачите во одбраната.

Се вчитува...