СП 2019: Данска, супер-тест за младите ракометари

Со биланс од две последовни победи и почетен пораз, македонскaта кадетска ракометна репрезентација влегува во првиот и единствен во овој сегмент од Светското ракометно првнество, предизвик против европски ривал. Фаворитот во групата, која во моментов со максимален број бодови го држи лидерското место, селкцијата на Данска вечерва (20.30 ч) ќе биде следната и вистински сериозна пречка на патот на нашиот национален тим кон добар резултат.

„Да гледаме на Данска и Јапонија, одиме на најдобро. Се надеваме дека ќе одиме уште понатаму од осминафинале. Се намали малку притисокот, по лошиот старт на првенството“ – изјави капитенот на репрезентацијата, Мартин Серафимов.

Селекторот Данило Брестовац пак очекува ракометарите да ја надминат блокадата која им предизвикуваше грч за време на трите претходни натпревари и да покажат дека можат и повеќе од овој резултат.

„Се надевам дека со Данска ќе бидеме во подобро светло, за да можам да се надевам на нешто повеќе“ – вели селекторот.

Тој за претстојниот натпревар ја направи и првата измена во составот. Против Данците, играчот на Металург, левото крило Глигор Гајиќ доаѓа на местото на Бобан Каковски.

Македонската репрезентација е веќе речиси во осминафиналето, но постои теоретска можност, ако се поклопат дел од резултатите на другите селекции, нашиот тим да не оди во нокаут-фазата. Првиот меч во нашата конкуренција е меѓу Бахреин и Аргентина. Со победа на Аргентинците местото на нашиот тим во осминафиналето ќе биде потврдено уште пред дуелот со Данска.

 

ГРУПА Ц
16:30   Бахреин – Аргентина
18:30   Нигерија – Јапонија
20:30   Македонија – Данска

ТАБЕЛА 

1. ДАНСКА 3 3 0 0 94:64 6
2. МАКЕДОНИЈА 3 2 0 1 84:82 4
3. ЈАПОНИЈА 3 2 0 1 79:80 4
4. БАХРЕИН 3 1 0 2 85:82 2
5. АРГЕНТИНА 3 1 0 2 68:78 2
6. НИГЕРИЈА 3 0 0 3 84:108 0

Се вчитува...