СП 2019: Македонија добра, но недоволно за да спречи пораз од Данска

Македонската кадетска репрезентација го претрпе вториот пораз на Светското ракометно првенство кое се одржува во Скопје. Нашите млади ракометари загубија од Данска со 26-29 во дуелот од четвртото коло од групниот сегмент.

Клучната разлика за триумфот Данците ја направија на почетокот од вторто полувреме кога се одлепија на шест гола предност. Нашите ракометари го кренаа нивото, особено во последните десетина минути и намалија на два гола негатива, но не успеаја да се доближат повеќе. Претходно во првото полувреме, македонската репрезентација одигра солидно, одржуваше достижна дистанца меѓу четири и два гола, на паузата беше во два негатива, 11-13.

Мартин Серафимов со девет гола повторно беше прв стрелец во македонскиот состав, Ненад Костески постигна шест.

По овој пораз, македонската репрезентација е на третото место на табелата со четири бода. Водечка е Данска која има максимален ефект по четири одиграни рунда, а на вторто место е Јапонија која има шест бода. Токму Јапонците, утре, се нашиот последне противник во групата фаза. Македонската селекција има обезбедено место во осминафиналето, а ќе брка победа во завршната рунда за подобар пласман на конечната табела.

 

 

 

Се вчитува...