СП одбојка: Драматична победа на Бразил над Русија

Репрезентацијата на Бразил направи значаен чекор кон пласман во полуфиналето на Светското првенство во одбојка откако забележа драматична победа од 3-2 во сетови над Русија во првото коло од третиот групен сегмент. Русите беа на добар пат да забележат успех, поведоа со 2-0 во сетови, првиот го добија со 25-20, а вториот со 25-21.

Но, тогаш тргна пресвртот на бразилскиот состав кој  третиот сет го доби со 25-22, а до израмнување дојде добивајќи го четвртиот сет со тесни 25-23. Во решавачкиот сет олимпскиот шампион беше подобар од првакот на Европа со 15-12. Бразилците ја искористија третата од четирите меч топки.

Третиот состав во оваа група е селекцијата на САД. Русија и САД се среќават утре, а Бразилците и Американците ќе се соочат в петок.

Првопласираната и второпласираната селекција во групите од третата фаза обезбедуваат место во полуфиналето.

 

 

Се вчитува...