СП одбојка: Голем триумф на Србија над домаќинот Италија

Ниту преполната арена, ниту силно мотовираните Италијанци не ја спречија селекцијата на Србија да ја забележи првата и исклучително значајна победа во воведниот натпревар од третата групна фаза на Светското одбојкарско првенство. Србите доминантно го добија дуелот недoзволувајќи му на противникот ниту еден сет.

Големиот успех на тимот на Никола Грбиќ го најави почетниот сет. Во него српските одбојкари беа апсолутно доминантни, имаа 12-6 во поени од напад и 5-0 во поени од ас, што резултираше со 25-15.

Вториот сет беше поизрамнет, Италијанците беа поборбени, но клучна беше серијата на српскиот состав од три последовни поени со кои поведоа со 22-18 и потоа рутински го добија сетот со 25-20.

Во третиот сет повторно се беше на страна на селекцијата на Србија која ја запечати победата добивајќи го сетот со 25-18.

Србија сега е лидер на табелата со 3 бода и е на чекор до полуфиналето, Италијанците се на нула. Србите утре ќе играат против Полска. Мечот Полска-Италија е в петок.

 

 

Се вчитува...