СП одбојка: Полска до триумф, Србија до полуфинале

Репрезентацијата на Полска ја забележа првата победа во „топ шест“ фазата на Светското првенство во одбојка. Славеше со 3-0 (28-26, 28-26, 25-22) во сетови против селекцијата на Србија, но тимот на Никола Грбиќ е полуфиналист бидејќи оствари еден од потребните услови за место меѓу најдобрите четири.

Србите осовија доволен број поени за да не можат да бидат загрозени од исходот на  дуелот од последното коло меѓу Полјаците и Италија. Ова благодарение на вчерашната висока победа од 3-0 во сетови над домашниот состав. На Полска утре и при евентуален пораз од Италијанците ќе и биде доволен само еден освоен сет за прогрес меѓу полуфиналистите.

За Полска ова беше втор максимален триумф над Србија на ова светско првнество.

Од другата конкуреција во овој натпреварувачки сегмент, селекциите на Бразил и на САД обезбедија место во полуфиналето. Шампионатот заврши за Русија.

Се вчитува...