СП одбојка: САД и Бразил се полуфиналисти

Со триумфот од 3-0 во сетови над селекцијата на Русија во дуелот од третата групна фаза на Светското одбојкарско првенство, селекцијата на САД обезбеди место во полуфиналето. Ова бидејки Русите вчера беа поразени од  Бразил во почетното коло од овој сегмент и со двата пораза веќе немаат шанси за пласман меѓу четирите најдобри репрезентации.

Утре САД и Бразил во директен дуел ќе решаваат за освојувачот на првото место на табелата.

Американскиот состав неочекувано лесно се справи со селекцијата на Русија која важеше за сериозен претендент за медал. Првиот сет Американците го добија со 25-22, вториот со 25-23, идентично заврши  и третиот сет.

Репрезентацијата на САд останува без пораз и по девет одиграни натпревари на овој шампионат.

Денеска на програмата е и дуелот од втората конкуренција, групата „Ј“ во кој се среќаваат Србија и Полска. Србите вчера забележаа победа од 3-0 на домаќинот Италија, за Полјаците ова ќе биде прв меч во топ шест фазата.

Се вчитува...