СП за клубови: Ал Аин ќе ја предизвика Ривер Плата во полуфиналето

Ал Аин, тимот од Обединетите Арапски Емирати, ќе биде противник на аргентинскиот претставник Ривер Плата во полуфиналето на Светското првенство за клубови што се одржува во ОАЕ. Ал Аин оствари убедлив триумф од 3-0 над Есперанс од Тунис во четвртфиналната пресметка.

Ахмад Мохамед во втората минута донесе предност за Ал Аин, а до крајот на полувремето погоди и Хусеин Ел Шахат во 31.минута. Во вториот дел, Бандар Мохамед беше стрелец на третиот гол за Ал Аин на овој дуел.

Во второто полуфинале на СП за клубови, ќе играат актуелниот европски првак Реал Мадрид и јапонскиот тим Кашима антлерс.

 

Се вчитува...