Спалети без Верати, Имобиле, Локатели… на ЕВРО 2024

Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети се одлучи да биде без дефанзивецот Федерико Гати, играчите од средниот ред Марко Верати и Мануел Локатели, како и напаѓачите Чиро Имобиле, Мојс Кин и Матео Политано на престојното Европско првенство во Германија.

Спалети го објави списокот од 30 фудбалери на кои ќе смета на ЕВРО 2024, притоа повикувајќи фудбалери кој сезонава има само 300 одиграни минути, фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли.

Фаџоли, доби забрана за играње поради обложување, но му истече пред седум дена, па доби повик од Спалети.

Италија ќе одигра два контролни натпревари пред ЕП, против Турција (4. јуни) и против БиХ (9. јуни). Во првото коло на ЕВРО 2024, „Аѕурите“ ќе играат против Албанија на 15. јуни, на 20. јуни против Шпанија, а на 24. јуни против Хрватска.

СПИСОКОТ НА ИТАЛИЈА ЗА ЕВРО 2024

Голмани: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Алекс Мерет (Наполи), Иван Проведел (Лацио), Гиљермо Викарио (Тотенхем)

Одбрана: Франческо Ачерби (Интер), Алесандро Бастони (Интер), Раул Беланова (Торино), Алесандро Бонџорно (Торино), Рикардо Калафиори (Болоња), Џанлука Манчини (Рома), Џорџо Скалвини (Аталанта), Андреа Камбиасо (Јувентус), Матео Дармиан (Интер), Џовани ди Лоренцо (Наполи), Федерико Димарко (Интер)

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Николо Фаџоли (Јувентус), Мајкл Фолоруншо (Верона), Самуеле Ричи (Торино), Давиде Фратези (Интер), Жоржињо (Арсенал), Лоренцо Пелегрини (Рома)

Напад: Федерико Киеза (Јувентус), Стефан Ел Шарави (Рома), Рикардо Орсолини (Болоња), Џакомо Распадори (Наполи), Матео Ретеги (Џенова), Џанлука Скамака (Аталанта), Матија Закањи (Лацио).

Се вчитува...