Спалети до челниците на Јувентус: Донесете ми нов голман!

Јувентус по поразот од Интер (1:2) во пријателскиот натпревар во Австралија одлучи да реагира на голманската позиција.

Искусниот тренер Лучијано Спалети бил незадоволен од настапот на Микеле Ди Грегорио, кој според италијанските медиуми сноси вина за двата примени гола.

Затоа Спалети наводно побарал од раководството веднаш да ангажираат нов чувар на мрежата, кој ќе може да ги задоволи критериумите на тимот од Торино, кој планира во престојната сезона да игра и една од главните улоги во битката за „Скудетото“.

„Старата дама“ веќе го идентификувала потенцијалното засилување – станува збор за 20-годишниот француски голман Робин Рисер од Ленс. Контактите веќе се воспоставени, а Јувентус наскоро се очекува да испрати официјална понуда.

Се вчитува...