Спалети: Едно невнимание и ќе го загубиш дербито со Јувентус

Интер го загуби дербито на Италија против Јувентус со 1-0, а човек на одлука беше Марио Манџукиќ. Со ова и дефинитивно се изгубија надежите на Интер дека може да се бори за титулата во Серија А оваа сезона, а тренерот Лучијано Спалети дека една грешка на тимот била кобна за „нероаѕурите“.

„Одигравме добар меч, но не бевме константни во текот на целата средба. Имаше и блесоци, но и грешки. А дерби можеш да загубиш и по едно невнимание. Јувентус направи многу помалку грешки и затоа на крајот славеше. Морам да кажам и дека сме наивни, а тие се мајстори за да изнудат фаул и да ќарат пет минути од времето кога тоа им оди во прилог. Но, таков е фудбалот, и треба да се прилагодиш на се за да победиш“, изјави Лучијано Спалети.      

Се вчитува...