Спалети го сака Дармијан во Интер, ќе го врати Врсаљко во Атлетико Мадрид

Италијанскиот калчолигаш Интер нема да ја активира клаузулата за комплетно откупување на договорот на Шиме Врсаљко. Хрватскиот интернационалец ќе се врати во Атлетико Мадрид откако лекарскиот тим на „нероаѕурите“ проценил дека десниот бек премногу лесно се повредува.

Врсаљко поради повреди оваа сезона одигра само шест од вкупно 14 натпревари во Серија А, и еден меч од досегашните пет во Лигата на шампионите.

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, како нова опција за десната странична позиција го посакува Матео Дармијан од Манчестер јунајтед, а на таа позиција го има и младиот Данило Д’Амбросио.

Се вчитува...