Спалети и Алегри му рекле „не“ на Аурелио де Лаурентис

Наполи е во голема криза, резултатите во Серија А се далеку под очекувањата, а атмосферата во тимот не е на посакуваното ниво. Фудбалерите се свртеа против претседателот Аурелио де Лаурентис кој им подели пресметки на платата намалени за 25%. Се тресе столчето и на Карло Анчелоти, а медиумите на Апенините најавуваат дека тој ќе добие отказ до Божиќ.

Сепак, нема да му биде лесно на Аурелио де Лаурентис да пронајде квалитетно решение за тренерската клупа. Лучијано Спалети и Масимилијано Алегри одбиле да го преземат тимот во текот на сезоната. Првиот човек на „наполитанците“ прво се јавил кај Алегри, но добил одговор дека тој се подготвува за голем предизвик во Премиер – лигата. Спалети исто така рекол „не“ на понудата да го преземе тимот кој е во криза.

Најсериозен кандидат за клупата на Наполи сега е Џенаро Гатузо, поранешниот фудбалер и тренер на Милан. Во опција се и Еди Реја и Чезаре Прандели.

Карло Анчелоти има годишна плата од 4 милиони евра, а за евентуалниот предвремен раскин на договорот би добил дополнителни 500.000 евра.

Се вчитува...