Спалети: Икарди го посрамоти Интер, сигурно ќе биде казнет!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, не го криеше разочарувањето од односот на Мауро Икарди откако аргентинскиот голгетер самиот побарал да биде отстранет од тимот за дуелот со Рапид Виена. Управата на клубот клубот вчера донесе одлука Икарди повеќе да не биде капитен на Интер, а два часа подоцна беше обелоденето дека тој нема да игра во Австрија.

„Тој беше во тимот, а потоа самиот инсистираше да не патува за настап во Виена. Со ваквиот однос Икарди го посрамоти Интер, сигурно ќе биде казнет, очекувам управата да преземе конкретни чекори. Тој беше планиран за стартер, сега таа улога ќе му припадне на Лаутаро Мартинез“ – изјави Спалети.

За италијанските медиуми нема дилеми, Икарди дефинитивно ќе биде продаден во текот на летниот преоден рок, но прашање е кој клуб ќе ја активира клаузулата од 110 милиони евра во договорот со Интер. Досега интерес за услугите на Икарди покажаа Јувентус, Реал Мадрид и Челси, но не се исклучува можноста уште некој европски гигант да се вклучи во трката по овој квалитетен голгеетер.

Се вчитува...