Спалети: Италија никому ништо не украде, заслужено сме на ЕВРО

Италија се пласираше на Европското првенство следната година во Германија благодарение на ремито без голови со Украина во последниот натпревар од Групата Ц.

Украинците, сепак, по мечот на цел глас негодуваа поради недосуден пенал во самиот финиш нагласувајќи дека им е украден настапот на ЕВРО 2024.

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети, пак, вели дека неговата репрезентација сосема заслужено се пласирала на ЕП без да должи никому ништо.

„Не е во ред да ја користат таа ситуација за да не критикуваат, а без поглед на остатокот од претставата. Беше тоа тежок натпревар поради притисокот кој постоеше и таа ситуација беше сомнителна, но и не толку јасна како што сакаат да ја прикажат. И тажно е да се слуша дека нешто некому сме украле. Ние никому ништо не украдовме, никому ништо не должиме, заслужено сме на ЕВРО“ – вели Спалети.

Се вчитува...