Сагата околу Мауро Икарди никако да престане, откако денеска и тренерот Лучијано Спалети ја критикуваше посветеноста на доскорешниот капитен на „нероаѕурите“.
„Веќе немам намера да давам било какви изјави за Икарди, затоа не ме прашувајте на таа тема. Доволно беше кажано од претседателот Жанг и од директорот Марота, јас отсега ќе зборувам само за играчи кои настапуваат со срце за Интер“ – изјави Спалети.
Мауро Икарди нема да настапи ниту на саботниот натпревар против Калјари, а како што стојат работите тој нема да биде дел од плановите на Спалети до крајот на сезонава, по што летово ќе биде продаден од страна на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА