Спалети: Не смееме да покажеме страв против Јувентус

Интер заостанува единаесет бода зад Јувентус во трката за шампионското скудето, но тренерот Лучијано Спалети децидно им порача на своите фудбалери дека тоа не е причина за страв од актуелниот првак на утрешното дерби што ќе се игра во Торино. „Нероаѕурите“ последен пат славеа на гостувањето против Јуве во 2012 година, но Спалети е оптимист дека со добра игра и малку среќа тој успех.

Играме за да победиме на секој натпревар, без оглед на противникот. Од меч во меч добиваме на карактер, делуваме моќно на теренот и очекувам тој тренд да продолжи и против Јувентус. Имавме добри средби во последниот период, нема зошто да не одиграме одлично и против Јуве, според мене клучно е да не покажеме страв, да го наметнеме нашето темпо и да ги искористиме шансите. Мораме пред се да веруваме во себе, дека можеме да победиме без оглед кој тим е на другата страна од теренот. Знаеме колку е тешко да се стигне Јувентус на табелата, но утре можеме да го направиме првиот чекор. Тајната на Јуве е што секогаш ги купува најдобрите играчи од ривалите, тоа се случи со Пјаниќ додека бев тренер на Рома, па потоа со Игуаин од Наполи, лани и со Кансело од Интер“ – истакна Спалети.

Интер ќе биде ослабен на утрешниот натпревар поради неиграњето на Наинголан и на Далбер.

Се вчитува...