Спалети: Понижувачки е да молиме некого да го облече дресот на Интер

Интер загуби на домашен терен од Лацио откако Лучијано Спалети реши да не смета на услугите на Мауро Икарди иако немаше ниту еден класичен напаѓач во тимот. Стратегот на „нероаѕурите“ остана доследен на својот став и смета дека на Икарди не му е место во неговиот тим.

„За мене е многу понижувачки да молимме некого да го облече дресот на Интер. Начинот на кој е однесуваше… тој мора да остане надвор од екипата. Ако зборуваме реално, Икарди беше спремен за триесетина минути игра, можеби за едно цело полувреме, но тоа не е поентата. Поентата е дека во тимот имаме играчи кои гинат за овој клуб и кога не ни оди најдобро. Јас како тренер секогаш сум имал кредибилитет во 22-годишната кариера. Секогаш сум ја имал поддршката на играчите и тие ја имале мојата. Она што јас го имам за задача е да ги изберам играчите кои ќе играат, сметам дека бев во право кога решив другите да играат, а Икарди да не биде ниту резерва“ – изјави Спалети.

Останува да се види реакцијата на управата на клубот, која во изминатиот период вложи големи напори да се најде заеднички јазик со Икарди.

 

 

 

Се вчитува...