Спалети: Премногу се зборува за Икарди

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети, истакна дека е задоволен од играта која неговиот тим ја прикажа на натпреварот против Аталанта кој заврши без голови. Тоа беше прв натпревар на кој Мауро Икарди настапи на „Џузепе Меаца“ од февруари.

„Како и сите останати и јас премногу зборував за Мауро. Повеќе сакам да ја коментирам играта на Интер. Икарди мора да игра добро, да соработува со средните играчи, впрочем така и играше на мечот. Задоволен сум како игравме, не ми е примарна цел да постигнеме гол по секоја цена. Покажавме добар фудбал“, изјави Спалети. 

Интер го задржа третото место со 57 бода, а Аталанта е на делба на четвртата позиција со Милан со по 52 бода.

Се вчитува...