Спалети се сели од Рим, и го презема Тотенхем!?

Актуелниот тренер на Рома, Лучијано Спалети на лето ќе има можност да бира нова средина за себе.

Спалети од Зенит се врати во Рома, но најверојатно нема да успее да освои ниту еден трофеј, освен ако не се случи некое чудо. Рома е далеку зад Јувентус во Серија А, во полуфиналето од Купот по првиот натпревар е со минус два гола во однос на Лацио, а најдобро засега котира во Лигата на Европа.

Како и да е, веќе е одлучено дека Спалети во јуни заминува од Рим, а се спомнува и клубот каде би ја продолжил својата кариера, лондонски Тотенхем. Според пишувањата на италијанските медиуми, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, кој е добар пријател со Спалети веќе остварил првични разговори.

Се навестува дека Маурицио Покетино заминува од Тотенхем, и ќе је преземе клупата на Барселона, а во Лондон треба да пристигне Спалети.

Како наследници на Спалети на клупата на Рома се спомнуваат Гасперини, Еузебио Ди Франческо и Марко Џампаоло.

Се вчитува...