Спанулис го пропушта стартот на Евролигата

Олимпијакос в четврток ќе ја отвори новата сезона од Евролигата со домашен натпревар против Басконија, но грчкиот гигант ќе биде значително ослабен поради неиграњето на Василис Спанулис.

Одличниот плејмејкер се мачи со повреда на левото колено, поради што го пропушти и грчкото дерби со Панатинаикос, па веќе е обелоденето дека сигурно нема да настапи ниту против Басконија. Во таборот на „црвено-белите“ се надеваат дека барем Брајан Робертс ќе може да помогне на стартот од новата европска сезона, откако и овој кошаркар го пропушти дербито со ПАО, но тренираше со остатокот од тимот во теекот на вчерашниот ден.

Средбата меѓу Олимпијакос и Басконија ќе се игра на Крит, откако грчкиот клуб беше казнет од Евролигата со еден домашен меч пред празни трибини.

 

Се вчитува...