Спанулис ја пропушта Барселона поради повреда

Олимпијакос го доби грчкото дерби во Евролигата минатата седмица, но остана без еден од клучните играчи во ростерот. Василис Спанулис заработи повреда на препоните поради што го пропушти натпреварот против ПАОК во тамошното државмно првенство како и против Кими во државниот Куп, но ќе мора да паузира уште најмалку една седмица за целосна рехабилитација.

Пауло Бенто нема да смета на услугите на искусниот бек кој нема да отпатува за Барселона каде утре му гостуваат на каталонскиот гигант во рамки на Евролигата.

Повредата на грчкиот репрезентативец не е од сериозен карактер и ќе биде дел од ростерот на Олимпијакос веќе за пет дека кога кошаркарите од клубот од Пиреј повторно ќе си ги одмерат силите со Панатинаикос, овој пат во рамки на грчкиот Куп.

Се вчитува...