Спарта Прага и Трабзон се наредија во колоната за Несторовски

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски вечерва со Палермо ќе го игра последниот меч од актуелниот шампионат во Серија А, пречекувајќи го Емполи на домашен терен, а медиумите во Чешка и во Турција го селат во редовите на Спарта Прага, односно на Трабзонспор. Тоа се најновите клубови кои застанаа во колоната за услугите на Нестор-гол, кој иако јавно истакна дека ќе остане во Палермо, сепак, многу пореално е го напушти клубот кој следната сезона ќе настапува во Серија Б.

Андреа Страмачони, италијанскиот стратег кој го презеде кормилото на Спарта Прага, во обид да ја врати шампионската титула од градскиот ривал Славија Прага, го посакува Илија Несторовски во својот нов тим. Сепак, прашање е дали Спарта Прага може да си го дозволи македонскиот голгетер, ако се знае дека тој е на листата на желби и на многу помоќни клубови како Евертон, Атлетико Мадрид, Севилја, Фиорентина, Милан…

Турскиот клуб Трабзонспор исто така е заинтересиран за Нестор-гол, и ќе се обиде да го ангажира ова лето.

Се вчитува...