Спартак Трнава го откупи договорот на Милан Ристовски

Милан Ристовски и официјално е нов фудбалер на Спартак Трнава, откако словачкиот клуб го откупи неговиот договор од хрватска Ријека.

Ристовски минатата сезона беше на позајмица во тимот од Трнава, па по одличните прикажани игри од клубот решија да го откупат договорот на младиот македонски напаѓач.

“Многу сум среќен што трансферот беше успешен и по неколку недели преговори, Ријека и Спартак се договорија. Горд сум што повторно сум дел од Спартак. Секој знае дека тука се чувствував многу добро и клубот многу ми помогна. Благодарам на сите во клубот кои помогнаа во реализацијата на овој трансфер.

Се отвора ново поглавје во мојот живот и навистина. Се надевам дека следната сезона ќе имаме одлични натпревари заедно со навивачите на трибините и заедно ќе уживаме во успешните резултати. Гладен сум за успеси “, рече Ристовски.

 

 

Се вчитува...