Спасеновски го освои бронзениот медал на Европското првенство во карате

Еден од најдобрите каратисти на Македонија, го освои бронзениот медал на Европското првенство кое се одржува во турскиот Газиантеп. Тој во борбата за бронзата во категоријата до 84 килограми Мурат Оз славеше со 2-0.

Претходно македонскиот каратист беше на чекор до финале, но во полуфиналната борба беше поразен од големиот фаворит, Хрватот, Енис Гарибовиќ со 3-0. Претходно на патот до полуфиналниот меч, Спасеновски беше подобар од Лука Ретенбахер од Австрија (3-0), Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина (1-0) и Ибањез Сајнц-Торе од Шпанија (3-2).

Вероника Костовска во категоријата до 61 килограм кај дамите не успеа да ја освои бронзата откако беше поразена во борбата за трето место од Лаура Сиверт од Франција со 6-3.

Се вчитува...