Спасеновски ќе се бори за бронза на карате Премиер лигата во Дубаи

Македонскиот каратист Петар Спасеновски ќе се бори за бронза на силната Премиер лига која се одржува во Дубаи. Спасеновски до борбата за бронза стигна совладувајќи ги, Американецот Камран Мадани со 4-3, Австриецот Робин Ретенбахер со 1-0 и Ву Веј-Чун од Тај Пеј со убедливи 7-1. Во полуфиналето Спасеновски загуби од Казахстанецот Данијар Јулдашев.

Инаку, Премиер лигата е најсилното натпреварување во каратето, бидејќи право за настап имаат само најдобрите 64 натпреварувачи во секоја категорија.

Се вчитува...