Спаси ли Стефан Ристовски жива глава?! Хулигани ги нападнаа фудбалерите на Спортинг Лисабон!

Фудбалерите на Спортинг Лисабон преживуваат драматични моменти откако во последното коло не успеаја да обезбедат пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Загубија на гостувањето против Маритимо со 2-1 и практично му подарија пласман во елитното европско натпреварување на градскиот ривал Бенфика. А со тоа навивачите не можат да се помират. Сепак, ситуацијата дефинитивно побегна од контрола.

Околу стотина хулигани денеска ги нападнале фудбалерите во клупската база, непосредно по тренингот. Има и повредени, дури и дупнати глави, истепани фудбалери. За среќа, македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не е меѓу повредените, барем како што информираат португалските медиуми. Меѓу повредените е Бас Дост, кој заработи и ’конци’ на главата, како и Руи Патрицио, Вилијам Карвалјо, Маркос Акуња, Монтеро, Баталја…

 

Се вчитува...