Спектакл кој целиот свет го чека: Џошуа против Хрговиќ во битка за титулата во тешка категорија!

Познатиот промотор Еди Херн потврди уште еднаш дека Ентони Џошуа ќе се бори против хрватскиот боксер, Филип Хрговиќ во битката за појасот за светски шампион во тешка категорија по ИБФ верзијата.

Ентони Џошуа на 8. март во Саудиска Арабија ќе се бори против Францс Нгану, во  спектаклот кој ќе го привлече вниманието на целиот свет.

Но, по Нгану, веќе е јасно дека Џошуа ќе се бори со Хрговиќ…

„По борбата со Нгану на 8. март наша цел е борба против Филип Хрговиќ за испразнетиот појас за светски шампион во ИБФ верзијата“ – порача Еди Херн.

Се вчитува...