Спектакл на Вимблдон: Медведев се „освети“ и го исфрли Јаник Синер!

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ги заврши своите настапи во четвртфиналето на Вимблдон, откако во драматичен меч во пет загуби од Русинот Данил Медведев.

По речиси четири часа игра, Медведев славеше со 6-7(7), 6-4, 7-6(4), 2-6, 6-3. Синер одлично го почна мечот но потоа почна да има физички проблеми, што умешно го искористи Медведев кој ги доби вториот и третиот сет.

Драмата достигна врв кога Синер го доби четвртиот сет, за да петтиот сет го доби Медведев за конечна победа.

Медведев на тој начин му се реваншираше на Синер за поразот во финалето на Австралија опен. Следниот негов ривал на Вимблдон ќе биде подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Томи Пол.

Се вчитува...