Башкими и Вардар одиграа без победник 3-3 во единствениот натпревар од денешната понуда од 7. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Исмаили во 21. минута. Дванаесет минути подоцна следуваше нов шок за „црвено-црните“ откако на 2-0 зголеми Да Силва. Сепак, до крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Давид Бабунски во 37. минута.
Во вториот дел вистински спектакл. Гостите во периодот од 70. до 72. минута со головите на Закариќ стигнаа до целосен пресврт 2-3. Херој на домашните беше Саити кој во 86. минута ги постави конечните 3-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
